Осумнаесет мигранти се удавија во Егејско Море, крај турскиот брег

Од:

Осумнаесет мигранти денеска загинаа крај западниот брег на Турција, откако нивниот чамец се превртел во Егејско Море на пат за грчкиот остров Лезбос, информираа турските медиуми.

Меѓу загинатите има неколку деца, од кои едно е едногодишно бебе. Двајца мигранти се сметат за исчезнати, јавува БТА.

Според информации на турските медиуми, спасени се 21 мигрант.

Претоварениот дрвен чамец, што отплавил од малиот турски град Дикили, се превртел заради големите бранови во немирното море. Чамецот потонал во водите крај селото Бадемли.

Во моментов во тек е акција за спасување на евентуално преживеани.

Турските власти наредија во спасувачката акција да се вклучат нуркачи од Измир и Ајвалик.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море