Издадени нови 2.591 потврди за право на азил, најбројни од Сирија

Од:

Изминатите 24 часа на вкупно 2.591 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Од нив 1.128 се од машки пол, 540 се од женски, 910 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13 деца кои патува без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди најбројни се државјаните на Сирија – 1.142, на Авганистан – 857 и на Ирак – 592.

МВР информира дека од 19 јуни до денеска издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 362.587 странски државјани. Од нив 198.558 се од машки пол, 60.464 се од женски, 85.524 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.041 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-204.367, потоа Авганистан-89.432, Ирак-47.347, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во изминатите 24 часа до Секторот  за азил не е поднесено  барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и  23  деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 23-ти овој месец евидентирани се вкупно 27 баратели на азил од кои 16 мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил ( три мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и две малолетни лица без придружба на старател  )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ