На скопскиот аеродром летовите реализирани, освен за Истанбул

Од:

Густата магла изутринава не го попречува одвивањето на сообраќајот на скопскиот аеродром. Досега сите планирани полетувања и слетувања се реализирани, освен летовите за Истанбул.

Според веб страницата на аеродомот „Александар Велики“, следното полетување е за Бергамо во 11:45 часот, а првото слетување на скопскиот аеродром по откажаниот лет за Истанбул е од Дортмунд во 11 часот.

Во патниот сообраќај на одредени патни правци има намалена видливост. На патните правци Тетово – Скопје, Велес – Градско, Неготино -Демир Капија и Сарамзалино – Штип видливоста е намалена од 30 до 50 метри.

Би можело да ве интересира

Британски авиони соборуваат евтини ирански дронови со скапи ракети

(ВИДЕО) Соборени американски воени авиони, снимка и од пилот кој е фатен

Горан Наумовски

Николоски: 23 нови линии, целта е над 4 милиони патници

Горан Наумовски

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Речиси 450 летови откажани или одложени на аеродромот Шипхол поради снег и ветер

Јапонија одбива вина: Неосновани се тврдењата на Кина за инциденти за време на воени маневри