Комитетот за доделување на наградата „Карло Велики“ денеска соопшти дека добитник на ова признание за 2015 година, кое се доделува за заслуги во промовирањето на единството на Европа, е папата Франциско.
– Во време кога голем број граѓани на Европа бараат насоки, неговата светост, папата Франциско, испорачува пораки за љубов и охрабрување, се наведува во соопштението на Комитетот.
Во соопштението папата е оквалификуван како „глас на совеста“, кој „бара од Европа во центарот на својата политика да ги стави граѓаните“.
Како што јави ДПА, иако по традиција оваа награда се доделува во германскиот град Ахен, каде што е и седиштето на Комитетот, во соопштението се наведува дека церемонијата на врачување на „Карло Велики“ на папата ќе се одржи во Рим, без да се посочи датумот.
Меѓу досегашните добитници на оваа награда се и првиот човек на Европскиот парламент, Мартин Шулц, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и германската канцеларка Ангела Меркел.