ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Спасовски за аферата со личните карти

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го обвини министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека на денешната прес-конференција не сакал да одговори на прашањата дали тој е на сликите со криминалците кои стојат зад, како што велат,„Фабриката за афери“ на СДСМ.

– Господине Спасовски, за што разговаравте со Захир Бекири Чауш и Аднан Сума, прво и третоосомничени во „Фабриката за афери“ на СДСМ? Дали како генерален секретар, Вие договоривте сопругата на Чауш да биде вработена во партиската фирма „Паркинзи“ на општина Центар од страна на претседателот на Општинската организација на СДСМ, Саша Богдановиќ, прашува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Владејачката партија прашува и зошто Спасовски барал истрагата да не се одвива брзо и дали вечерта при приведувањето контактирал со осомничените и зошто барал увид во доказниот материјал.

– Денешната нервозна и конфузна прес-конференција на Оливер Спасовски беше алиби изјава во стилот злосторникот на местото на злосторот, се наведува во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата на Чаушот и Заев која јавноста ја виде потврдува дека СДСМ соработува со криминална групација, што ги прави еднаква на нив.

– Постојат сериозни индиции дека СДСМ учествувале во фабрикување на афери исто како што постојат сериозни информации и основи за сомнение дека нелегално прибавени телефонски разговори од граѓаните ги дале на криминалци со тапија, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Лефков: Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Унијата

Катерина Ѓуровски

Филипче: Нема да бидеме параван на пропаднатите политики за ЕУ на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа