„Граѓаните на Македонија секојдневно се гушат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени ПМ 10 честички.
Во Тетово загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките изнесува фрапантни 15 пати над дозволеното. Во Битола и Скопје високи 8, односно 7 пати, додека во Кичево високата концетрација на штетните и канцерогени честитки изнесува речиси 5 пати над дозволената граница.
Никола Груевски им одзема 10 години од животот на граѓаните и ништо не презема за да се реши проблемот со екстремно загадениот воздух, опасен по здравјето.
Недозволиво е да се игнорира вака значајна тема поврзана со здравјето на граѓаните.
За Никола Груевски ништо не значат поразителните бројки од Светска банка дека во Македонија има дури 1.350 смртни случаи поради загаден воздух.
Здравјето на граѓаните за Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е неважно. За Груевски, братучедот Мијалков и кумот Ставрески важни се само тендерите и бизнис интересите на фамилијата.
Мерките на СДСМ треба веднаш да се спроведат, тоа е во интерес на граѓаните:
– Да се воведе субвенција за јавниот градски превоз која ќе важи за сите во зимските месеци.
– Наместо тајно и преку ноќ да се атакува на последните дрвја што се обидуваат да ни дадат малку кислород, градот Скопје итно да забрани сеча на постојните дрва и да започне со санирање на сите уништени зелени површини.
– Да се воведат грантови за инсталирани соларни панели, грантови за изолација на објекти и инсталација на енергетски ефикасни апарати.
– Да се зголемат средствата на Министерството за животна средина и просторно планирање во делот на заштита на животната средина.
На граѓаните им треба чист воздух, а не валканите политики на Никола Груевски. Затоа доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.