Награди за најубавите уметнички дела од отпад

Од:

Награда за најкреативно уметничко дело од рециклиран отпад оваа година добија Дарко Базерко во категоријата поединци, ОУ „Браќа Миладиновци“ од Скопје во категоријата училишта и ЈОУДГ „Борис Трајковски“ од Демир Капија во категорија градинки.

На конкурсот „Trash for art 2015“ на компанијата „Пакомак“ биле пријавени 110 дела креирани со отпад од амбалажа. Наградените уметнички дела од отпад ќе добијат по 30.000 денари.

– Овој уникатен предизвик во кој учесниците на креативен начин го реформулираат значењето и функцијата на отпадот, секоја година одново не импресионира со иновативноста, начинот на изработка, умешноста и креативноста на авторите, вели Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во „Пакомак“.

Креациите од отпад се изложени во Веро центарот во Скопје.

Би можело да ве интересира

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он