Активистите кои денеска се собраа пред бараките на Град Скопје пееја „Коце се што сакам за Божиќ е воздух“ и ги потестија властите дека не сакаат да се грижат за Аце и Фичо, ликови од минатото кои се мртви над 2000 години, туку се грижат за сегашноста и за животот.
Според активистите, не е прашањето кој не труе, туку кој треба да го спречи оној кој не труе.
– Со години разговараме со надлежните и реагираме да се преземат мерки, ама слух нема, велат од иницијативата „Еко свест“.
Активистите побараа од властите да не спасат од загадувањето, а тоа да почне уште денес.
– Почитувани власти, јас велам ние сме денеска тука дојдени да потпишеме референдум, но референдум за живот. Ние не сакаме да се замараме кој не загадил најповеќе, туку сакаме да знаеме кој ќе не спаси од овој кошмар. Македонија вечна, можеби, да се надеваме, рече активистката.
Новинарот Огнен Јанески истакна дека во Лисиче има премногу прашина и градежни активности, што прави да биде неподносливо да се движат граѓаните ниту денски ниту навечер.
– Политичките партии се расправаат кој мерел сега, кој мерел порано, а ги исекоа сите дрвја, овие овде се веројатно единствени кои ќе ни останат. Препорака е да се пресадат веќе пораснати дрвја. Се имаат засадено над 50 милиони садници во последните години. Од нив статистиката вели дека се фатиле 25 милиони дрвја, што значи дека 25 илјади километри квадратни од вкупната територија има дрвја, а во останатите живееме ние, се реките, езерата, камењата. Да беше така, ќе протестиравме против дрвја, вели Јанески.
Александар Тодески