Премиерот, Никола Груевски, на сослушувањето пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето прочитал веќе составен текст со кој образложил зошто нема да одговара на прашања за политичките „бомби“.
Ова денеска го соопшти претседателот на Комисијата, Петре Шилегов, кој рече дека нема да дозволи да се затвораат за јавноста седниците на кои се сослушуваат функционери вмешани во скандалот.
Претходно Шилегов изјави дека на затвореното сослушување премиерот не одговорил на ниту едно прашање поврзано со содржината од објавените материјали.
Маја Васева