Се остварува сонот на народот

Од:

Новие известија – Москва

Финскиот премиер Јуха Сипиле му нареди на Државниот пензиски фонд да ја прераспредели целата финансиска социјална помош за жителите во земјата и да подготви проект за воведување на т.н. граѓанска плата.

Тоа ќе ги замени сите досегашни исплати – од социјалната помош и помошта при невработеност, до детските додатоците и додатоци за станарина. Сите суми кои денес државата ги „раздава“ се поврзани со одредени баратели, но граѓанската плата ќе им се дава на граѓаните едноставно затоа што тие луѓе постојат на овој бел свет.

Во Финска ќе се случи комунизам. Или најмалку нешто слично што ќе одговара на прочуената марксистичка формула за општество на иднината: „Секој според можностите, секому според потребите“.

Се очекува програмата за граѓански плати да почне да функционира во 2017 година во неколку фински региони, а една годиа подоцна, од како ќе се процени нејзината ефикасност, да ја опфати и целата држава. Предвидено е секој невработен Финец да добива околу 800 евра месечно – „чисти“ и без данок.

Проектот на Кабинетот не беше приемн позитивно во целата земја. Денешната економска ситуација во Финска е меѓу најдоходовните во западна Европа. Невработебноста достигна 12 проценти, а меѓу младите 20 отсто. БДП годинава ќе забележи пад од 0,2 проценти, а догодина ќе порасне едвај за еден процент. Вообичаени рецепти на владите во слични ситуации е да ги скратат сите дотации и исплати за населението. Но, Финска го прави токму спротивното.

– Безумие. Луѓето сосема ќе станат мрзливи, земјата ќе пропадне во бездна, уверуваат критичарите на оваа идеја. – Тоа е точна проценка и ефикасност за да ја поведеме напред економијата, тврдат оние кои ја поддржуваат финансиската револуција.

Меѓу нив е и главниот економист во „Данске банк“, Тогер Јосефсон, кој вака ја коментира одлуката на официјален Хелсинки: „Финска е во исклучително тежок период – реформата ќе и помогне да ги прераспредели доходите на населението, да ја зголеми внатрешната потрошувачка и да ја намали инфлацијата“.

Поддржана од мнозинството во Парламентот, финската Влада најави дека радикално ќе го смени системот за социјална помош уште на пролет и додаде дека се потребни нетрадиционални методи за вклучување на невработените во трудовите дејности и за активизирање на економијата во целина. За чудниот и спасувачки рецепт беа објавени редовни месечни исплати – без дополнителни задолженија – за секој кој не е вклучен на пазарот на трудот.

– Денешниот систем е изживеан, ја коментура радикалната реформа една од авторките, Карина Јутила, директор на аналитичката компанија Е2. – Невработените само си седат дома, иако со нив се занимава огромен бирократски апарат, гледајќи барем понекогаш да вложат и малку труд. вели таа.

Јутила критикува дека државата троши на тие контролори многу повеќе отколку да им дава за граѓански плати за невработените. Од друга страна треба да се знае дека издршката не е обврска човек да стане поактивен.

– Еден ќе собере храброст да си отвори фирма, друг ќе си го развива хобито, трет ќе се вклучи во добротворно движење. Повеќето луѓе се активни по природа, ние ќе ги поттикнеме ма самореализација, вели таа.

Редица експерти сметаат дека Финска во текот на 60-те години ги прифати основните принцпи на т.н. шведски социјализам – разработениот сигурен систем за социјална заштита само прави нов чекор кон „финскиот комунизам“.

На критиките дека „невработените ќе станат целосно мрзеливи“, приврзаниците на реформата потсетуваат на експериментот во Канада која воведа граѓански плати во едно мало гратче во 70-те години. Резултатот бил позитивен – вработеноста пораснала, криминалот опаднал, но исто и боледувањата. Но, овој обид не бил вклучен во политичкиот живот затоа што влегол во противречност со ливералната доктрина за развој на капиталистичкото општество, според кое, мешањето на државата во економијата треба да биде минимално.

Според авторите на програмата за „финскиот комунизам“, граѓанската плата од околу 800 евра треба да биде доволна за човек да не стравува за иднината, а истовремено е и мал стимул за повеќе да заработи. Денес во Финска има цел куп слободни места со нецелосно работно време (колку да се работи нешто), но невработените не се пријавуваат затоа што секој дополнителен приход се одбива од помошта – социјалната или за невработеност. Но, висината на граѓанската плата ќе биде стабилна, независно дали отстрана се работи нешто или не.

Анкетите откриваат дека 79 отсто од Финците го одобруваат воведувањето на граѓанска плата и предлагаат бонуси кон основната сума за придонес во развојот на општеството – било тоа да е доброволна помош за стари лица или средување на сопствениот двор.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски