Вардар го пречекува претпоследниот Спартак

Од:

Лидерот на табелата во регионалната СЕХА лига и македонски шампион Вардар попладнево (почеток 17:45 часот) го игра последниот натпревар за оваа календарска година. Вардар е домаќин на претпоследниот на табелата Спартак и ја има улогата на фаворит.

Гостите се без шанси за триумф, но тие можат да бидат задоволни од гостувањето во Македонија бидејќи вчера постигнаа победа над Макс Струмица со 31:23.

Во дерби дуелот одигран вчера Веспрем како гостин го победи ППД Загреб со 23:19, додека Нексе беше подобар од Војводина со 32:27.

До крајот на календарската година во ова натпреварување ќе се одиграат уште два натпревара: Веспрем – Татран Прешов и ППД Загреб – Борац (двата се играат во сабота).

Табела: Вардар 31 бод (13 натпревари), Веспрем 28 (10), ППД Загреб 27 (12), Татран Прешов 27 (13), Мешков Брест 21 (11), Нексе 21 (13), Војводина 11 (15), Борац 10 (13), Спартак 10 (14), Макс Струмица 2 (14).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ