(ВИДЕО) Николовски: Нема да дозволиме притисоци и закани за земјоделците, ќе следува одговорност

Од:

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на земјоделците од велешките села Иванковци, Бузалково, Оризари и Сливник каде што оствари средби со жителите, главно тутуно производители и сточари.

Земјоделците во Бузалково се пожалија на ниската откупна цена на тутунот, поради што и откупот беше стопиран.

– Тутунот годинава е квалитетен меѓутоа ни го земаат како втора и трета класа. Затоа никој од нас не го носи тутунот на откуп, се пожали тутунопроизводителот од село Бузалково.

Откуп на тутун имаше и во село Иванковци, но тутунопроизводителите беа незадоволни од проценката на класите на тутунот.

Сите земјоделци во селата се пожалија на страшниот притисок коишто го трпат од раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Велес.

Земјоделците посочија дека раководителот буквално им одел по куќи, ги уценувал и им се заканувал дека доколку не гласаат за ВМРО ДПМНЕ ќе им се укинат субвенциите, ќе им раскине договор за земја под концесија или ќе мора да го вратат тракторот добиен преку програмата за рурален развој, популарно наречена 50-50.

Уплашен од соочување со одговорноста раководителот денеска не дојде на закажаниот состанок со дополнителниот заменик министер Николовски.

Но земјоделците се охрабрени и за притисокот што се прави врз нив и заканите за укинување на субвенции и одземање на земјоделска земја, даваат изјави коишто ќе бидат процесирани преку Министерството за внатрешни работи.

Николовски се обврза дека ќе продолжи да ги штити интересите на земјоделите. Оние коишто го прекшиле законот ќе сносат одговорност согласно законските прописи.

Оваа година не сте сами, јас сум тука за вас, ќе ги бранам интересите на тутунопроизводителите и на сите земјоделци, ќе направам се за да ве заштитам, рече Николовски.

Одличниот прием на Николовски помеѓу земјоделците е најголем демант на сите манипулации коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира во медиумите под нејзина контрола.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади