Ракометарите на Макс Струмица попладнево во Скопје во СРЦ „Кале“ го играат последниот натпревар од СЕХА лигата оваа година. Противник им е Спартак од Суботица, воедно ова е дуел на двете екипи кои оваа сезона се дебитанти во ова натпреварување.
Макс Струмица на досега одиграните 13 натпревари немаат победа и само во два наврати одиграа нерешено и се наоѓаат на последната позиција на табелата. Овој дуел можеби е најголемата шанса за струмичани да стигнат до првиот триумф. Почетокот на натпреварот е во 17:45 часот.
Покрај дуелот Макс Струмица – Спартак, попладнево се играат и дуелите: Нексе – Војводина и ППД Загреб – Веспрем, додека утре играат Вардар – Спартак.
Табела: Вардар 31 бод, ППД Загреб 27, Татран Прешов 27, Веспрем 25, Мешков Брест 21, Нексе 18, Војводина 11, Борац 10, Спартак 7, Макс Струмица 2.