Пакистан изврши второ пробно тестирање на балистичка ракета

Од:

 Пакистан го изврши второто пробно тестирање на балистичка ракета во последните четири дена, помалку од една недела по објавувањето на веста за обновување на мировните преговори со Индија, забележаа француските медиуми.

Тестот е последен од серијата пробни тестирања, извршени како од Пакистан, така и од Индија, откако двете земји во 1998 година се здобија со нуклеарно оружје.
Пакистанската армија информира дека истрелала ракета земја-земја од типот „Шахин 1А“, што може да носи како конвенционални, така и нуклеарни боеви глави, со опфат до 900 километри.

Армијата во петокот кон Арапско Море успешно истрела и балистичка ракета „земја-земја“ од типот „Шахин 3“, со опфат до 2.750 километри.

Пакистан и Индија постојано имаат проблематични меѓусебни односи, а откако во 1947 година се стекнаа со независност од Велика Британија, дури водеа и три војни. Летово нивните односи повторно нагло се влошија по засилувањето на судирите долж спорната заедничка граница во Кашмир.

Индиската министерка за надворешни работи Сушма Свараџ во средата во Исламабад се сретна со својот пакистански колега Сартаџ Азиз во кулоарите на регионалниот форум и двајцата соопштија дека ги обновуваат мировните преговори на ниво на министри, информираа француските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица