По повод актуелните терористички напади во светот, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи заедно со петте верски лидери потпиша Декларација за осуда на тероризмот кон која се придружија и другите цркви, верски заедници и религиозни групи во Република Македонија.
Како што информира денеска Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, со Декларацијата најостро се осудува религиски мотивираниот тероризам заснован врз различно верско убедување и се повикува на мир, толеранција, меѓусебна почит, соживот и на спречување на вакви и слични злодела во иднина, кои се спротивни на сите светски религии.
– Со потпишувањето на овој документ се покажува заедништвото на црквите, верските заедници и религиозните групи во Република Македонија и нивното коалицирање кога е во прашање борбата против тероризмот, што е содржано и во Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации и меѓународните декларации и конвенции за човекови права, се вели во соопштението од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.