А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

За 24 часа издадени 3.422 потврди за барање азил

by А1он13/12/2015 - 14:38148
Share0

Во текот на вчерашниот ден за 24 часа издадени се потврди на вкупно 3.422 странски државјани, од кои 1.534 се од машки пол, 690 се од женски, 1.170 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 28 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.210, Ирак-1.194, Авганистан–1.018.

Во периодот од 19 јуни годинава до 12 декември издадени се потврди на вкупно 334.220 странски државјани, од кои, 186.940 се од машки пол, 54.390 се од женски, 75.034 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.856 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-192.641 потоа Авганистан-80.986, Ирак-39.152, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со кои и 23  деца кои го придружуваат родителот. Барања за азил поднеле и 13 државјани на Авганистан, со нив се и 14  деца кои го придружуваат родителот, три барања има од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во периодот од 00 до 24 часот на 12 декември до Секторот  за азил не е поднесено    барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

migranti

Би можело да ве интересира

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 14:09

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео