Пакистанската армија соопшти дека денеска тестирала балистичка ракета „земја-земја“, која може да носи нуклеарна боева глава.
Тестирана била ракета Шахин-3, чиј максимален дострел е 2.750 километри.
Ракетата била тестирана само два дена откако во Исламабад беше одржана регионална мировна конференција на која е повикано за обнова на преговорите меѓу властите во Кабул и талибанците.
Пакистан во 1998 година објави дека е нуклеарна сила.