ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски должи одговор за фабрикуваните лични карти

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и должи одговор на јавноста за тоа кој стои зад аферата фабрикувани лични карти и кој ја пласира оваа афера.

– Г-не Оливер Спасовски, не е достојно повеќе да се криете од јавноста. На јавноста и должите одговор: Кој стои зад аферата фабрикувани лични карти?! И кој ја пласира оваа афера, со оглед на тоа што се работи за медиум близок на Вашата партија? Кој нарачал да се изработат овие фалсификувани лични карти? Кој одлучил тие да бидат предадени токму на неделникот Фокус, близок до СДСМ? И кој одлучил дека е добро, и Фокус и Вие како технички министер да отпочнете медиумска кампања без да имате каква било потврда за сомненијата дека фалсификуваните лични карти биле употребени или злоупотребени од некого за гласање?, рече на прес-конференција Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Спасовски и неделникот „Фокус“ усогласено ги обвинија и понижија вработените во МВР и сите членови на избирачките одбори дека не гледале кој со каква лична карта гласал на претходните избори.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики