На 2.032 мигранти издадени потврди за поднесување барање за признавање азил

Од:

Во изминатите 24 часа издадени се 2.032 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил.

Како што соопшти МВР, од вкупниот број на мигранти на кои им се издадени вакви потврди  869 се мажи, 427 жени, 528 деца придружувани од носителот на потврдата и 208 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните од Сирија (901), Авганистан „623) и Ирак (508).

Од почетокот на издавање на потврдите досега вкупно 321.759 мигранти добиле вакви потврди. Според државјанството најбројни се државјаните на Сирија (186.578), по што следуваат оние од Авганистан (78.193), Ирак (35.547), Иран (6.231), Пакистан (5.416), Палестина (2.158), Сомалија (1.276), Бангладеш (1.253), Мароко (1.317), Конго (514), Алжир (453), Либан (434), Нигерија (279)…..

До Секторот за азил во изминатите 24 часа не е поднесено барање за признавање на право на азил, а од започнувањето на овој процес досега поднесени се вкупно 83 барања. Најмногу барања, односно 55 се од државјани на Сирија, 13 барања од државјани на Авганистан, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир и едно барање од државјанин на Египет.

Во Прифатниот центар за баратели на азил во текот на вчерашниот ден евидентирани се 17 баратели на азил од кои шест мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, четири баратели на азил од кои две малолетни лица без придружба на старател и двајца мажи се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Од екипите на Црвениот крст укажана им е и лекарска помош и дадени им се пакети со храна и со вода на мигрантите кои влегуваат во Македонија.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Горан Наумовски

Мицкоски: Не постои закана од мигрантски кампови, опозицијата ја дезинформира јавноста