Во рамките на континуираната изложба Остен4арт денеска ќе биде организирана средба со Душан Перчинков, прогласен за уметник на годината на манифестацијата Остенови уметници на годината и носител на Посебно признание од жири за исклучителни уметнички достигнувања на ОСТЕН БИЕНАЛЕ на Цртеж Скопје 2014.
Средбата ќе започне напладне во просториите на Галерија ОСТЕН каде што ќе бидат изложени 20 дела од уметникот во неколку циклуси „Облаци“, „Слоеви на свеста“, „Предели на тревата“, „Растителни предели“, „Мотиви од природа“ и „Мотиви од предградие“. Делата се создадени со јазикот на графичкиот цртеж, кој според авторот, е еден од најважните алатки за изразување и кристализирање на имагинативните состојби.
Душан Перчинков (1939) е сликар, графичар и професор на Академијата за ликовни уметности во Скопје.