Бегајќи од полицијата завршил во устата на алигатор

Од:

Еден Американец наместо да и се предаде на полицијата, која го барала поради серија кражби во градчето Берфут Беј на Флорида, решил да бега, при што паднал во блиското мочуриште, каде го „пречекал“ три метри долг алигатор.

Како што јавија американските медиуми, остатоците на раскинатото тело на 22-годишниот Метју Ригин, биле пронајдени по десетденевно трагање.

– Најверојатно бегал од полицијците и кучињата кога налетал на алигоаторот. Никогаш не сме имале ваков случај, изјави претставникот на локалната полиција Тод Гудиер, наведувајќи дека и нуркачите при пребарувањето на мочуриштето ги нападнал голем агресивен алигатор.

Опасниот предатор бил успиен и извлечен од водата, по што форензичката анализа утврдила присуство на остатоци на Ригин во утробата на алигаторот.

– Бил на погрешно место во потрешно време, заклучи Гудиер.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас