ВМРО НП : На Латас и ДПМНЕ сега трн во око им е интернетот

Од:

ВМРО НП реагира дека вo вторникот на 30.10.2012 година се случил невиден преседан, скандал, поткопување на демократијата и слободата на изразување „од страна на гласноговорникот на власта“.

„Латас вo вторникот на централните вести на ТВ СИТЕЛ ги предупреди граѓаните со голема доза на резерва да ги земаат информациите од интернет мрежата алаудирајќи на тоа дека таму се пренесуваат невистинити информации.

– Миленикот на власта и читачот на партиските билтени на ДПМНЕ уште еднаш како многупати досега се надмина себеси, јавно откри дека него и на ДПМНЕ трн во око им е слободниот интернет простор. Откако воспоставија целосна контрола над сите ТВ медиуми сега на ред е интернетот.

– Почитувани, интернет порталите и социјалните мрежи ( фејсбук, твитер, youtube) се најнепосредниот одглас на народот, единствените места каде граѓаните можат да го кренат својот глас и да искажат незадоволство. Пред 2 години најпрво изјавија дека информациите кои доаѓаат од A1 телевизија треба да се примаат резервирано и со сомнеж, па потоа следеше затворање на овој медиум.

– Ние од ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА прашуваме, што е следно? Зарем имате во план да го ограничите и интернет просторот, можеби би сакале граѓаните да имаат достап само на оние веб страници и портали над кои вие имате контрола?

– Сериозно сме загрижени од ваквите изјави и стравуваме дека демократијата во Р. Македонија која толку многу ја посакувавме во 90-тите години и макотрпно ја градевме ќе ја урнисате поради вашата желба за опстанок на власт.

– ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА го почитува и цени интернет просторот како демократска придобивка на современиот свет , и ги повикуваме и охрабруваме граѓаните што е можно повеќе да ги посетуваат интернет порталите и социјалните мрежи и да ја согледуваат реалноста во Македонија, бидејќи за жал само уште интернет просторот остана надвор од контрола на Латас и неговиот наредбодавец Груевски“, се вели во соопштението на ВМРО Народна партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска