Силен земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтровата скала го потресе денеска Таџикистан, јави ТАСС.
Според Геофизичкиот институт на САД епицентарот бил на 363 километри од престолнината Душанбе, на десет километри длабочина.
Засега нема информации за жртви и материјални штети.