Издадени нови 4.396 потврди за азил на странски државјани

Од:

Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 4.396 странски државјани, од кои 1.822се од машки пол, 808 се од женски, 1.388 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 378 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на   Сирија 2.314,Ирак 1.179и Авганистан 900.

Во периодот од 19.06.2015 до 05.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 309.155странски државјани, од кои, 176.097се од машки пол, 48.992се од женски, 67.328 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 16.738 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 181.378, потоа Авганистан 74.767, Ирак 31.569, Иран 6.231, Пакистан 5.416, Палестина 2.158,Сомалија 1.276, од Бангладеш 1.253, Мароко 1.317, Конго 514,  Алжир 453, Либан 434,  Нигерија 279, додека останатите се во помал број. 

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 05.12.2015 до Секторот  за азил не се поднесени   барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 05.12.2015 година до Секторот  за азил се поднесени 82 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Би можело да ве интересира

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Пронајдени двајца мртви мажи во Суботица, истражителите се сомневаат дека се работи за пресметка