Честитка од претседателот Иванов за еврејскиот празник Ханука

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод еврејски празник Ханука, упати честитка до Берта Романо Николиќ, претседател на Еврејската заедница на Република Македонија, како и до сите припадници на Eврејската заедница во Република Македонија.

На овој голем еврејски празник, стои во честитката од Иванов, ви посакувам светлината на Ханука, која ја симболизира слободата и посветеноста кон верата, да ви донесе мир и благосостојба и да биде поттик за натамошен напредок и разбирање.

– Во деновите на празникот на светлината, одбележувајќи го триумфот над насилството и поробувањето, се присетуваме на важноста на Еврејската заедница во земјава, која е длабоко вкоренета во македонската историја, традиција и култура. Евреите се неразделив дел од македонскиот модел за соживот делејќи ја судбината на македонскиот народ, придонесувајќи кон севкупниот живот во Македонија, наведува во честитката претседателот Иванов по повод еврејскиот празник Ханука.  

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on