(ВИДЕО) Николов: Каде живее претседателот на Регулаторна, Димитар Петров?

Од:

Опозицијата бара пратениците од власта да ги отфрлат партиските наредби, да не бидат партиски војници, туку да работат за интересите на граѓаните и да гласаат за интерпелацијата за работата на нејзиниот претседател Димитар Петров.

Верувам, рече Марјанчо Николов, дека не постои човек во Македонија, освен самиот Петров, кој не сака тој да падне.

„Интерпелацијата ја поднесуваме бидејќи наместо самостојно тело, Регулаторната комисија е место за вработување на партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуките за поскапување на струјата и парното ги носи на сомнителен и нетренспарентен начин. Наместо да се грижат за интересите на граѓаните тие се однесуваат како заштитници на монополските претпријатија“, рече Марјанчо Николов.

Спротивно на Законот, Петров и уште еден член на Регулаторна доаѓаат од партиски функции. Затоа, констатираше, одлуките се политички, нелегитимни и спротивни на законот.

„Нема нови енергетски објекти, но во ЕЛЕМ има пари за скапи реклами и други луксузирање. За вакво ли недомаќинско неработење во ЕЛЕМ одобрувате поскапувања? Ништо не е подобро ни во МЕПСО. Немаат пари за Чебрен и Галиште , а имаат пари да им позајмат на Топлификација“, рече Николов.

„Топлификација ви е омилена компанија и морате да и обезбедите профит, бидејќи како акционери во компанијата се јавуваат високи функционери на ВМРО-ДПНЕ. Каде живеете господине Петров?

– Зошто дозволивте да се укине и дневната евтина тарифа за струја“, праша Николов.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски