Доколку некогаш сте се запрашале колку чини еден корупиран глас во ФИФА, одговорот го има ФБИ. Британскиот сервис BBC објави дека некои челници на ФИФА примале мито во износ од девет милиони евра.
BBC, пишува дека ‘обвинетиот под број 17’, чие име е непознато за јавноста, на ФБИ му открил дека некои челници на ФИФА, примале мито во износ од девет милиони евра. Според истиот извор за тие пари требало да ја поддржат кандидатурата на Јужна Африка за домаќин на Светското првенство во 2010 година.
‘Обвинетиот 17’, признал дека извршил три уплати на сметката на поранешниот потпретседател на ФИФА, Џек Ворнер, кој веќе ја признал и засекогаш е изфрлен од фудбалскоот семејство.
ФБИ, во четвртокот, упапси уште 16 членови на ФИФА и според BBC прашање на време е кога уште некој ќе ‘пропее’.