Со зборовите дека спортот има моќ да ги поврзува заедниците и народите, Претседателот Ѓорѓи Иванов се обрати на свеченото отворање на форумот “Спорт и мир” во Сочи, на кој што присуствуваат претставници од над 100 држави.
„Спортот има потенцијал да ги вклучи сите аспекти на општеството, секој човек и секое дете. Ги сплотува мажите, жените и децата од различно етничко, религиозно и јазично потекло. Ги вклучува и ги поттикнува различните, лицата со хендикеп“, рече Иванов.
Во излагањето Претседателот додаде дека Македонија има позитивно искуство во овој сегмент, бидејќи минатата година се оствари проектот кој преку спортот поврза 4.000 деца од шест етнички мешани општини.
„Еден неодамнешен позитивен пример од мојата земја, Република Македонија, е нашиот шампион Оливера Наковска – Бикова, која го освои златниот медал и постави светски рекорд во срелање со воздушен пиштол за 2012 година на Параолимписките игри во Лондон“, изјави пред присутните Иванов.
На отворањето покрај Преседателот Иванов говореа и покровителот на форумот принцот Алберт Втори од Монако и руската атлетичарка, светска рекордерка во скок со стап, Елена Исинбаева.