(ВИДЕО) Богоев: Најубавото овој месец е оставката на Груевски

Од:

“Најголемите ТВ каналаи, Сител, Канал 5, Алфа и МРТ се наклонети кон Владата и известуваат селективно за активностите на опозицијата и граѓанското општество, се вели во Извештајот.
Содржината на следените комуникации откри тесни врски меѓу власта и сопствениците на овие медиуми со најголема гледаност и тираж, кои добиваат најмногу од средствата распределени за рекламни кампањи на власта.

Во овој Извештај никаде не се спомнуваат слободни медиуми.

Извештајот во однос на изборите вели вака: Овие комуникации вклучуваат дискусии за манипулација со избириачкиот список, купување на гласови, заплашување на гласачи, вклучително закани кон државни службеници и компании како и спречување на гласачи да го дадат својот глас.Во Извептајот никаде не се спомнува дека изборите биле фер и демократски и дека ВМРО-ДПМНЕ има доверба од народот.

Најубавото, за мнозинството граѓани, овој месец не е Нова година. Најубавото овој месец е оставката на Никола Груевски, кој сам си ја потпиша и неминовно доаѓа.

Господа од власта во заминување, кој е фатен во снимките, кој е фатен во криминал, нека му ја мисли. Вие знаете како и што сте праеле. Има специјален јавен обвинител кој ќе ги расветли овие работи. А, граѓаните ќе ги расветлат работите на 24 април. Времето полека но сигурно ви истекува, тик-так, тик-так”, рече при денешното обраќање Стефан Богоев, пратеник и претседател на СДММ, во Собранието на РМ, на подолжението од седницата за Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ