Пет години затвор за крадење струја, вода и парно

Од:

Нема веќе да се толерираат сите оние кои  крадеа струја, вода, парно. Новите измени во кривичниот закон предложени од Министерството за правда предвидуваат затворски казни за овие лопови.

Со најновите предлог измени министерството сака да се дефинираат казните за кражба и предвидува затвор до 3 години и парична казна за приклучување на диво на струја, вода или парно,пишува Вест.

Казни ќе следуваат ако се отстрани, онеспособи или премости уредот за мерење на потрошеното. За крадењто на вода,парно или струја следуваат казни до пет години затвор. Доколку станува збор за фирма, тогаш казната е парична.

Засега судот има изречено затворска казна за крадење струја во времетраење од шест месеци и една година.

 

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски