ВМРО-ДПМНЕ побара Груевски, Ставрески и Јанкулоска да бидат први сведоци на Анкетната на затворена седница

Од:

Сведоци на ВМРО-ДПМНЕ на Анкетната комисија за прислушувањето ќе бидат актуелниот премиер и претседател на партијата Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Пратеникот Антонио Милошоски пред почетокот на денешната седница на собраниската Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе побара нивните сведочења да бидат зад затворена врата, оти, како што кажа, целта е да се утврди вистината, а не да се прави театар.

Милошоски изрази надеж дека овие сведочења ќе бидат придонес во работата на Комисијата.

Според информациите од пратеничката група на СДСМ, тие ќе ги повикаат да сведочат поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, шефот на кабинетот на премиерот Мартин Протуѓер и поранешниот директор на ДБК Сашо Мијалков.

На денешната седница која во моментов е прекината се усогласува планот за работа со динамика на сослушување на сведоци и посета на институции.

Предвидено е двете активности да се одвиваат паралелно почнувајќи од понеделник, 7 декември до 22 јануари идната година, а потоа до конечниот извештај којшто треба да биде готов на 31 јануари доколку е потребно ќе се направат дополнителни посети на институции и сослушување експерти.

Извештајот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето треба да содржи хронологија, утврдување политичка одговорност и препораки.

Претседателот на Анкетната комисија Петре Шилегов даде пауза на седницата поради дополнителни усогласувања меѓу пратеничките групи.

фото: МИА

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски