Пакистан одби да прими 30 мигранти, кои со чартер лет пристигнале од Грција на аеродромот во Исламабад, соопшти денеска пакистанското Министерство за внатрешни работи.
Тоа се случува само една недела по дипломатските преговори меѓу Пакистан и ЕУ во врска со решавањето на спорот со принудното враќање на мигрантите во татковината.
– По наредба на министерот за внатрешни работи, Федералната истражна агенција не може да дозволи овие нелегално депортирани луѓе, како и членовите на екипажот, да го напуштат авионот, се наведува во соопштението.