Кога ќе пораснат засадените дрвја ќе имаме почист воздух, до тогаш снаоѓајте се

Од:

Додека на денот на дрвото надлежните се фалат со засадените дрвја, Скопје полека го губи и оној кислород кој му останува, а причинителот во голема мера се и дрвјата кои Град Скопје безмилосно ги искасапи последниве неколку години. Се чиниеше дека Градот е до толку окупиран со сечата, па дрвја се сечеа и во 3:30 часот по полноќ.

12319479_464946770356324_726218317_n

Од Град Скопје не оспоруваат дека исечените дрвја на територијата на Скопје прават да се влоши ситуацијата со загадувањето. Од таму велат дека кога ќе пораснат новите засадени дрвја, ќе имаме подобрена ситуација.

12336265_464946787022989_1107325069_n

Според нив, од 2009 година Градот самоиницијативно има засадено 70 000 дрвја од кои 95% успеале. Од таму се вадат дека градот сечел тополи и стари дрвја кои биле болни и исушени, иако на терен можеше да се види дека тие дрвја беа здрави.

12312448_464946777022990_1720037161_n

Тие покажуваат дека најголем дел од дрвјата се исечени поради потребите на Градот на нивно место да се појави бетон, а едно од дрвјата беше исечено и на плоштадот Македонија за новата локација на споменикот на Цар Самоил. Освен тоа, Градот исече дрвја на булеварите Партизнаски одреди, Климент Охридски, во паркот пред дом на АРМ, парковите Жена Борец и Карпошово востание, како и паркот спроти хотелот Бристол на чие место никна зградата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми.

12346674_464946790356322_1902798830_n

Во врска со загадувањето, од Градот велат дека мерката која тие ја преземале се покажала како успешна, па дури вчера повторно се појавило загадувањето, иако спротивното се покажува преку двете онлајн страници каде може 24 часа да се следи загадувањето.

12325795_464946800356321_216717881_o

Mоментално може да се види преголемо загадување во Скопје. Во Лисиче загадувањето е за 4 пати поголемо, во Центар е 158 микрограми на метар кубен воздух, а во Гази Баба и Карпош е речиси 4 пати повисоко од дозволеното.

12343261_464946803689654_1368269662_o

На официјалната страница на Министерството за животна средина моментално се гледа многу висока концентрација на ПМ 2.5 честичките во Центар и Карпош, а во останатите делови во Македонија овие честички не се мерат.

12318177_464946793689655_634958663_o

Од Град Скопје чекаат загадувањето да трае 10 дена без престан со цел повторно да прскаат со калциум-магнезиум-ацетат.

12318271_464946807022987_945990104_o

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Администрацијата на Бајден планира да засади над една милијарда дрва во САД

Германците навалија на „Смедеревац“ печки на дрва и камини – се чека и по една година

А1он

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска