Меѓународна заедница предлага свое законско решение за Агенцијата за медиуми

Од:

Олеснувачот во преговорите, Питер Ванхауте, денеска ги презентираше предлозите на меѓународната заедница за регулација на медиумската сфера и на законско решение кое би ја опфатило Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Овие решенија се предлагаат, како што рече тој, затоа што предлозите од ниту една партија во преговорите не ги задоволувале европските стандарди.

На средба со новинари Ванхауте рече дека партиите се уште не ги усогласиле своите ставови иако до сега беа пробиени два рока за договор. Тој додаде дека очекува деновиве да се „испеглаат“ разликите.

Регулаторното тело, попознато како Агенција за медиуми, е предмет на најжешка дебата меѓу партиите. Како што рече посредникот, партиите сметаат дека оној што ќе ја контролира Агенцијата, ќе ги контролира и медиумите.

Предлозите на меѓународната заедница, пак, целат кон тоа да се намали рестриктивноста на законите.

-Шокиран сум од некои одредби во постоечката регулатива. На пример им се наложува на медиумите колку луѓе да вработат, или колку да бидат високи просториите каде ќе работат. Тоа мора да се отстрани – рече тој.

Новите законски решенија, рече тој, треба да ги охрабрат луѓето да работат подобро, а не да им забрануваат што треба да прават.

Инаку, денеска од СДСМ побараа новинарите и граѓанските здруженија да присуствуваат на идните средби на работните групи. Како што рече Роберт Поповски, целта е да се стави крај на шпекулациите кои се шират во провладините медиуми за јавноста да се увери која партија за што се залага. Како што брифираат извори од преговарачката маса, претставниците од ВМРО-ДПМНЕ го одбиле ова и побарале преговорите да продолжат како до сега.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ