Црвен крст: Минатата недела укажана прва помош на 3.876 мигранти

Од:

Тимовите на Црвен крст на Република Македонија во периодот од 23 до 29 ноември на граничните премини Табановце и Гевгелија на 3.876 лица им укажале прва помош.

Во посочениот период дистрибуирани се и 4.525 шишиња вода за пиење, 1.014 пакети со прехранбени продукти, 261 пакети со хигиенски средства, 114 парчиња пелени за бебиња, 62 пакети за бебиња, 2.486 ќебиња, 278 вреќи за спиење и 1.244 мантили за дожд.  

Како што соопштуваат од Црвен крст на Република Македонија, во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина активно се вклучени во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ земјата и се 24 часа на терен со девет мобилни тима на двата гранични премина.

Вкупниот број на лица ангажирани во тимовите изнесува 176, составени од вработените лекари и парамедици, членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање исчезнати лица при Црвениот крст.

Би можело да ве интересира

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица