„Младинската невработеност, иселувањето на младите, нискиот студентски стандард и рунираните студентски домови се примарните проблеми кои ги акцентираат младите во Демир Хисар и Ресен.
Продолжуваат средбите со млади на претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев и раководството на СДММ, кои денеска беа со младите од југозападниот дел на Македонија.
Незадоволството кај младите од погрешните политики на власта е огромно. Но, младите не се плашат повеќе да говорат за проблемите, стравот и во помалите места е скршен!
Богоев презентираше дел од младинските мерки од платформата Визијата за Македонија, кои ќе бидат дел од Програмата на СДСМ. Фокусот е на подобрување на стандардот на младите. Младинската гаранција ќе овозможи младите веднаш да добијат пракса/тренинг. Со изградбата на целосно нов Студентски центар, скршените тавани и бубашвабите по студентските мензи ќе бидат минато! Ќе се стимулираат младите и нивната бизнис идеја ќе биде поддржана од државата.
Младите после 24 април – слободно ќе дишат. Во секој крај од Македонија постои вистинска младинска мобилизација, затоа што сакаме иднина тука“, се вели во соопштението на СДММ.