Уште еден пораз за МЗТ Скопје

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва го доживеаја петтиот пораз во низа во регионалната АБА лига. Аеродромци загубија во Цеље од Тајфун со 68:62, што за нив е осми неуспех оваа сезона. Клучна за победата на словенечкиот тим беше предноста остварена во третиот период(18:10).

Марко Луковиќ со 12 поени, Душко Буниќ и Дреновац со по 10 поени беа најпрецизни кај МЗТ.

На другите два завршени натпревара од 12.коло: Мега Лекс – Крка 84:77, Олимпија – Металац 76:62.

Останатите двојки од овој круг се: Цедевита – Партизан, Будуќност – Сутјеска, Игокеа – Задар и Црвена звезда – Цибона.

Табела: Будуќност 9-2(победи-порази), Мега 9-3, Црвена звезда 8-3, Цедевита 8-3, Задар 6-5, Крка 6-6, Олимпија 5-7, Тајфун 5-7, Игокеа 5-6, МЗТ Скопје 4-8, Металац 4-8, Цибона 4-7, Партизан 4-7, Сутјеска 3-8.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он