Индонезија спроведува акција „Месец на дрвото“

Од:

Во Индонезија до 28 декември ќе трае акцијата „Месец на дрвото“ во која треба да бидат пошумени над 110.000 хектари што годинава беа опожарени, а на национално ниво се планира да се посадат речиси милијарда фиданки.

Акцијата симболично ја започна претседателот на Индонезија Јоко Видодо, кој минатиот четврток беше во Националниот парк Султан Адам на островот Калимантан, каде што заедно со првата дама Иријана засадија млади палми.

Индонезиските власти беа мета на остри домашни и странсски критики поради долгото одлагање да побараат странска помош за гаснење на над 15.000 пожари што од јули беснееја на островите Суматра и Калимантан, но и во други области на архипелагот. Во гаснењето на пожарите покрај професионалните единици и локалното население, учествуваа и десетици припадници на индонезиската армија.

Над 150.000 жители годинава страдаа од болести што ги предизвикуваа облаците од смог, особено на истокот на Индонезија. Кога властите, на крајот на минатиот месец, одлучија да започнат евакуација на најмладите и постарите жители, иако не беа очекувани до Нова година, паднаа силни монсунски дождови кои речиси целосно ги изгаснаа огновите.

Претседателот Видодо во емотивен говор најави дека за време на неговиот мандат Индонезија ќе го врати епитетот „бели дробопви на светот’’.

Тоа е тешко остварливо ветување, бидејки сега, по Кина и САД Индонезија е во водечките држави каде што емисиите на штетни гасови ја загрозуваат климата на целата планета.

Би можело да ве интересира

Индонезија: Најмалку 19 загинати во лизгање на земјиште

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски