Двајцата французи во Арсенал, Франсис Коклин и Оливие Жиру имаа навистина збунувачки момент по завршувањето на регуларните 90. минути од вчерашниот натпревар од Capital One купот помеѓу нивинот клуб и Рединг.
Двајцата по 90. минути очигледно не знаеа дека натпреварот ќе се реши во дополнителните 30. минути, па ги фрлија дресовите во публиката.
Кога им беше кажано дека ќе треба уште половина час да играат на теренот од Мадјески стадионот, тие ги побараа назад дресовите од фановите, и тие им ги вратија.
Арсенал го елиминира Рединг од осмина-финалето на Capital One купот со резултат 7:5.