А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Приведен скопјанец осомничен дека е припадник на ИД

by А1он27/11/2015 - 13:1227/11/2015 - 13:26113
Share0

Министерството за внатрешни работи го приведе С.Р.(21) од Скопје кој се бараше од август годинава кога против него во рамки на Оперативната обработка „Ќелија“ беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“ предвидено и казниво по член 322-а од Кривичниот законик на Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

С.Р.

Според сознанијата, соопшти денеска МВР, пријавениот бил припадник на ИД и првото заминување за Сирија го остварил во првата половина на 2013 година, а додека пак второто илегално заминување за Сирија го остварил во октомври минатата година. Пријавениот, се наведува во соопштението, пред неколку недели илегално се вратил на територијата на Република Македонија по што од страна на МВР бил лоциран и по налог на Јавен обвинител лишен од слобода.

Инаку, како што МВР претходно информираше, оперативната акција „Ќелија“ беше реализирана на почетокот на август годинава (06.08.) како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување на лица да се приклучат во паравоени формации. Исто така, се потсетува во соопштението од МВР, беа собрани и докази и за сокривање на лица кои веќе учествувале во странска војска надвор од територијата на РМ или пак оствариле обид за тоа.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во рамки на акцијата беа извршени 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, беа запленети поголема количина технички средства (копјутери, лап-топи, таблети, мобилни телефони, и друго).

 

idmvr

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 10:07

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Горан Наумовски18/10/2026 - 13:33

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 13:4416/10/2026 - 16:27

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 12:40

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он15/10/2026 - 15:5315/10/2026 - 16:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео