Виралната Фејсбук апликација е „ноќен кошмар‟ за приватноста на корисниците

Од:

За само неколку дена, над 16 милиони луѓе ја испробаа апликацијата која формира облаче од зборови кои најчесто ги користеле на својот Фејсбук профил. Се откри дека се работи за голема грешка.

Колумната, која оваа недела беше објавена на сајот Comparitech, ја нарече апликацијата „ноќен кошмар‟ за приватноста на корисниците, со оглед на тоа дека давањето на својата согласност, корисниците одобруваат праќање на речиси сите свои приватни податоци на компанија за која најверојатно не знаат ништо.

Се работи за корејска стартап компанија Вонвон, која има можност да собира приватни податоци (име, датум на раѓање, листа на пријатели, фотографии, IP адреси и уште многу работи), на сервери во земјите во кои не важат законите за приватност, дури и кога корисниците ќе престанат да ја користат апликацијата. Comparitech тврди дека Вонвон сите овие информации може да ги продаде на други компании.

Меѓутоа, авторот на апликацијата Џонгва Ким наведува дека се работи за лажни обвиненија и дека Вонвон не собира информации откако корисникот ќе направи облаче, така што нема што да продаде на други компании. Ким исто така истакна дека компанијата во меѓувреме (од понеделникот), значително го намали обемот на информациите на корисниците неопходни за покренување на апликацијата.

Но, Comparitech се уште тврди дека се работи за многу поголем проблем во однос на другите апликации.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он