(ВИДЕО) СДСМ: Зошто битолските училишта имаат блокирани сметки?

Од:

Вчерашната седница на Советот на општина Битола, на која се разгледуваа извештаите за работа од претходната 2011/12 учебна година, како и Програмите за работа во оваа учебна година, не даде одговор на клучното прашање.

Каква е финансиската и матерјалната состојба на основните и средните училишта во нашиот град?

Одговор не добивме ниту од надлежните во локалната самоуправа, ниту пак од директорите на училиштата, кои за волја на вистината беа присутни во салата.

Денешната прес конференија, се надевам дека ќе предизвика одговорност  кај ВМРО ДПМНЕ, да даде прецизен одговор на следните прашања.

Прво,  зошто основните и средните  училиштата во нашиот град имаат блокирани жиро сметки?

Второ, колкави се долговите на секое училиште пооделно и кои доверители и колку побаруваат?

Трето, од која објективна или субјективна природа се настанатите долгови. Доколку се истите настанати како резултат на недоволните средства што ги праќа министерството за образование и наука, во вид на блок трансакции, опозицијата да ви ја даде подршката во битката, таа неправда да се исправи.

Ниту локалната власт ниту опозицијата не смеат да молчат пред неправдата на централната власт, кога станува збор за интересите на Битола и нашите граѓани.

На крајот, сакам да упатам апел до ВМРО ДПМНЕ, дека нема ништо вечно и дека еден ден сите  негативни работи ќе излезат на површина, но исто така, секое лошо поведение и криминал ќе бидат осудени од историјата, а секој поединец од правната држава, праша Проф. Д-р Томе Наумов,член на ИО СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, Филипче ниту го поседува ниту го поседувал возилото Ауди

(ВИДЕО) СДСМ: „Пониква“ не е соодветна, власта импровизира со здравјето на повредените од Кочани

А1он

СДСМ: Колку докази исчезнаа додека Тошковски и Јанев ги штитеа полицајците кои сега се приведени?

А1он

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој пат обновата на патот Охрид-Свети Наум

(ВИДЕО) Костовски: Јанев, Тошковски и Мицкоски се одговорни што нема целосна правда за трагедија во Кочани

Горан Наумовски

СДСМ бара оставки од Јанев и Тошковски и кривична одговорност