Македонскиот кошаркасрки репрезентативец Марко Симоновски го напушти МЗТ Скопје по спогодбениот раскин на договорот што го имаше со клубот од Аеродром.
-Марко Симоновски веќе не е дел од МЗТ Скопје откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот. КК МЗТ Скопје на Марко Симоновски му посакува успех во понатамошната кариера, стои во известувањето на Фејсбук профилот на македонскиот шампион.
Симоновски повеќе од еден месец е надвор од теренот поради повреда на ногата, а негово враќање во тимот се очекуваше наскоро. Сепак, по раскинот на договорот се отвора место за нов играч на таа позиција.
За сега нема информации дали МЗТ Скопје ќе донесе нов бек на местото на Симоновски.