ВИДЕО: СДСМ Прилеп против родовото насилство

Од:

„Жените членки на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, едногласно се спротивставуваме на сите форми на насилство врз жените.

Под симболот на сината панделка, започнавме кампања „16 денови женски активизам“ за борба против сите форми на родово базирано насилство, којашто ќе трае до 10 декември“, рече Кети Смилеска – Координатор на Форум на жени при ОО на СДСМ.

„Нашата визија за Македонија е:

Земја во којашто сите подеднакво и рамноправно ќе ги уживаат основните човекови права.

Земја на еднакви можности.

Земја со нулта толеранција на родово базирано насилство.

Македонија едно општество за сите.

Форумот на жени при Општинската организација на СДСМ од Прилеп,  како дел од кампањата „16 денови женски активизам“, ќе се вклучи во повеќе активности и тоа:

  • Во следните 15 денови ќе подаруваме сини панделки и печатени брошури за човекови права со акцент на родова еднаквост;
  • На 28.11.2015 година (сабота) со почеток во 18 часот, во просториите на старата општинска зграда, организираме трибина на тема „Заедно во борбата против сите форми на родово базирано насилство“.

Во оваа прилика ги повикувам сите граѓани на Прилеп, а посебно ги охрабрувам жените прилепчанки, да земат активно учество на трибината“, изјави Кети Смилеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД највуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда