Градноначалникот на Моленбек примил список на џихадисти еден месец пред париските напади

Од:

Градоначалникот на бриселската област Моленбек, Франсоаз Шапманс примила список со имињата на повеќе од 80 џихадисти кои живееле во таа област, само еден месец пред терористичките напади во Париз, открива „Њујорк Тајмс“.

Весникот пишува дека на таа луста бил и организаторот на париските напади, Абделхамид Абауд, како и двајцата браќа кои учествуваа во убивањето на луѓето во нападите во францускиот главен град, Брахим и Салах Абдеслам.

Сите сега се наоѓаат во бегство.

Абауд бил жител на Моленбек до 2014 година, кога заминал во Сирија, каде им се приклучил на џихадистите на групата Исламска држава (ИД).

Според американскиот весник, неговиот стан се наоѓал на само 100 метри од канцеларијата на градоначалникот и таа можела да се види низ прозорецот на Абауд.Неговиот трет брат, пак, работел во администрацијата на градоначалникот на областа.

Шапманс сега се обидува да се одбрани, прашувајќи-што тоа требала таа како градоначалник да направи.

„Не е моја работа да ги прогонувам потенцијалните терористи“, изјави градоначалничката на Моленбек, Франсоаз Шапманс.

Весникот „Њујорк Тајмс„ открива слична ситуација и во уште една белгиска општина, Вервирс, каде градоначалникот имал извештај во кој се посочува дека 34 жители од таа територија постои сомневање дека се џихадисти.

Градоначалникот Муриел Тарњион се жали дека (од безбеднсните власти) примила само еден лист, на кои имало бројки.

– Немаше имиња, а ниту адреси- изјавила за весникот Тарњион.

Брисел и понатаму живее под безбедносна опсада, стравувајќи од терористички напад, но американските медиуми забележуваат дека во справувањето со заканите од џихадистите се направени бројни пропусти.

Настаните од изминатите две недели покажуваат  дека Брисел, главниот град на Европа и неговите предградија биле полни со џихадисти и со милитантни исламисти кои планираат, а  на 13 ноември и  изведоа во Париз серија терористочки напади.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски