Медведев: Анкара предизвика заострување на односите меѓу Русија и НАТО

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев како криминално дејствие го оцени вчерашниот напад на турските военовоздухопловни сили врз рускиот авион „Су-24“ во Сирија, пренесе ТАСС.

Премиерот настанот го искоментира пред новинарите во Екатеринбург, на Урал, каде пристигна по турнејата низ југоисточна Азија.

„Неразбирливо криминалните дејствија на турските власти, кои соборија руски авион, предизвикаа три последици“, изјави тој,

-Прво, опасно се заострија односите меѓу Русија и НАТО, што не може да се оправдаат со никакви интереси, вклучувајќи ја и заштитата на државните граници.

Второ, Турција со своите дејствија демонстрира дека всушност ги заштитува борците на Исламска држава. Ништо чудно, објасни тој, со оглед на податоците за директен финансиски  интерес на некои функционери од Турција, поврзани со испораката на нафтени производи, произведени во фирмите на ИД.

-И трето, поткопани се долготрајните добрососедски односи меѓу Русија и Турција, меѓу другото во економијата и во хуманитарната сфера, подвлече  Медведев.

Медведев смета дека тешко ќе може да се компензираат овие штети, дека е можно директно откажување од редица заеднички проекти и турските компании да ги загубат своите позиции на рускиот пазар.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски