Прекин на сите воени контакти со Турција, руските бомбардери ќе ги следат ловци

Од:

Руските бомбардери, кои ќе ги изведуваат антитерористичките операции во Сирија, во иднина ќе ги следат ловци, изјави началникот на Генералштабот Сергеј Рудској.

Генерал Рудској истакна дека руското Министерство за одбрана презело дополнителни мерки за безбедност по инцидентот со уривањето на рускиот авион.

Првата мерка е дека руските бомбардери за време на операцијата ќе ги следат руски ловци. Втората мерка се однесува на унапредување на противракетната одбрана, поради што рускиот крстосувач „Москва“ тргнал кон крајбрежното подрачје Латакија во Сирија, а третата мерка е прекин на сите воени контакти со Турција.

– Авионот Су-24 веројатно е соборен со проектил со кус домет со инфрацрвен радар. Уредите за надгледување не регистрирале каков било обид на турскиот авион да воспостави радио или визуелен контакт со нашиот екипаж, рече Рудској, додавајќи дека според податоците на уредите за надгледување на рускиот авион не ја преминал границата со Турција.

– Турската постапка претставува кршење на меѓународното право кое за себе повлекува сериозни последици и претставува директно кршење на меморандумот за спречување инциденти во Сирија, потпишан од САД и применлив на сите држави членки на коалицијата која Американците ја предводуваат, вклучувајќи ја Турција.

Рудској рече дека еден руски пилот е убиен од земја додека со падобранот се спуштал откако Турците го соборија авионот. Тој ништо не наведе за судбината на вториот пилот од соборениот авион, но истакна дека уште еден војник загинал за време на акцијата за спасување која продолжува.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски