ФЗОМ: Олеснување на казнената политика, нови поволности за матичните и стоматолозите

Од:

Нови поволности за матичните лекари и стоматолозите, а како резултат на тоа и изготвување нови анекси на договорите за 2016 година, најави Фондот за здравствено осигурување на Македонија заедно со Стоматолошката комора, Лекарската комора и Здружението на приватни лекари на Македонија.

Новите анекси се во насока на поддршка на владината политика за релаксирање на казнената политика и за намалување на договорните казни. Измените се со цел максимално олеснување на секојдневното работење на матичните лекари и стоматолозите.

– Целта на релаксирање на казнената политика и воведување на опомената како прва мерка е од особена важност за зајакнување на партнерските односи со матичните лекари. Опомената ќе замени голем дел казни кои се изрекуваа од Фондот за технички грешки на матичните лекари, со што сакаме да ја зајакнеме партнерската улога со лекарите, рече денеска на прес-конференција директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски.

Посочи дека според измените, осум договорни казни од една четвртина капитација ги префрлиле во опомени. Опомената, нагласи ќе важи само доколку првпат се направи повреда на договорот, а доколку повторно се случи, тогаш се изрекува договорна казна и тоа во следниве случаи: ако на матичниот лекар му недостига една ампула или таа е со истечен рок од задолжителната ампуларна терапија, доколку тој не го извести Фондот за промена на адреса и на тимот во рок од 20 дена, доколку здравствената установа не го почитува работното време, доколку матичниот лекар заборавил да евидентира датуми на аплицирање на ампуларна терапија или пак пациентот не му се потпишал на рецептот и доколку матичниот лекар не го чува образецот за избор на пациент во здравствениот картон.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

A1on