СДСМ: Од што највеќе се плаши Груевски?

Од:

„Со денови се обидуваше да ја сокрие нервозата од успешната посета на претседателот  Зоран Заев на Словенија, од пречекот на највисоко ниво и силната поддршката од дијаспората.

Само нејасно е од што највеќе се исплаши Никола Груевски. Од тоа што Вистината за Македонија одекна и од Словенија или од пораката на претседателот Заев дека на 24-ти април ќе се случи промена на власта.

Акумулираната нервоза на Груевски денеска изби со нарачан текст во медиумските курири.

Тоа што медиумските курири објавуваат нарачани текстови од портали блиски на поранешниот премиер на Словенија, кој патем беше во затвор поради вмешаност во корупциска афера, кажува се.

За такви друштва граѓаните на Македонија имаат идеја: Збогум Никола“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски