„Кожувчанка“ нов партнер на МЗТ Скопје Аеродром

Од:

Компанијата „Кожувчанка“ која е застапник во Македонија за германскиот бренд „Синалко“ и македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром потпишаа договор за соработка во времетраење од една година со можност истиот да биде продолжен.

– Горди сме за новата соработка на нашата компанија со кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром. Одлуката на менаџментот од Германија од каде доаѓа и брендот „Синалко“ заедно со компанијата „Кожувчанка“ е да бидеме спонзор на најтрофејниот кошаркарски клуб во последните пет години. МЗТ стана македонски препознатлив бренд особено по учеството во АБА лигата. Се надеваме дека во иднина ќе имаме повод заедно да се радуваме на успешните резултати и промовирањето на македонската кошарка низ меѓународните настапи, изјави маркетинг-менаџерот на компанијата Ратко Мицев.

Задоволство од постигнувањето договор со новиот партнер има и во таборот на македонскиот шампион.

– Новиот спонзор ќе биде мотив повеќе за една се надевам подолга соработка, а ние ќе возвратиме со добри игри во завршницата од АБА лигата, изјави Видоја Секуловски, директор на МЗТ Скопје Аеродром.

МЗТ Скопје вечер од 18 часот го пречекува Задар во дуел од 11.коло од регионалната АБА лига. Со евентуална победа аеродромци ќе се изедначат по бодовите со хрватскиот претставник кој има ефект од пет победи и исто толку порази.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он